За нас
Солената соба Солина – Центар за здравје и релаксација е отворена и започна со работа на 08.01.2011 год. Солената соба изградена е од природни материјали и претставува имитација на природна солена пештера со лековита микроклима. Во составот на солената соба влегуват: 5 тони морска сол на ѕидовите и подот, солени хималајски ламби (содржат 84 елементи од периодниот систем), воздухот е заситен со суви микрочестички од камена сол. Во просторијата се одржува единствена микроклима со постојана температура од 20°C до 24°C, влажност околу 50% и константно негативно јонизиран воздух. Просторијата е збогатена со: вграден ѕиден аквариум кој додатно придонесува да се чувствувате како да сте покрај прекрасен морски предел, ЛЦД – телевизор и неколку удобни фотелји. Дојдете во нашата солена соба за да го добиете вашиот прв третман бесплатно, без било каква обврска понатаму, за да ја откриете Вашата природна алтернатива. Во текот на Вашата прва посета ќе ги добиете сите потребни информации во врска со третманите.
Прочитај повеќеХалотерапија
Терминот Халотерапија се употребува од средината на осумдесетите години од минатиот век. Името потекнува од зборот Халос што значи енергија на солта. Според ова халотерапијата претставува лечење со сол. Благотворните ефекти се познати со векови и поткрепени се со обилна медицинска литература.Во минатото луѓето ја користеле солта за сопствена употреба, но и за трговија. Солта донела колонијална моќ, довела до војни и била една од првите категории на стокова размена.
Римските војници како плата добивале сол. Трагите на ова мало бело зрно се протегаат од старите до денешните модерни држави. Во близина на солните наоѓалишта никнувале населби и така солта станала драгоцен производ. Најголемиот рудник за сол се наоѓа во Полска близу Краков, во местото Вјеличка, но ги има и на други локации. Во 1843 год. Полскиот доктор Феликс Бочковски дошол до сознание дека воздухот во рудниците за камена сол, кој бил заситен со суви честички од сол, има лековито дејство врз луѓето со пулмонални и респираторни проблеми. Забележал дека рударите и околното население многу ретко заболувале од респираторни болести и од алергии.
Првото име за оваа терапија било спелеотерапија и претставувало престој на луѓето во солените пештери (рудници). Спелеотерапијата станала многу ефикасна и ефтина за луѓето со респираторни и кожни заболувања. Во денешно време солените пештери се користат за подобрување на општата психофизичка состојба, а такви солени рудници има во Австрија, Полска, Словачка, Романија, Азербејџан, Украина и на други места Неколку значајни години во историјата на терапија со сол. Во 1843 година откриен е третманот спелеотерарија. Во 1989 год. направен е медицинскиот уред халогенераторВо 2001 год. основана е клиника за спелеотерапија во Торонто. Во 2008 год. основана е клиниката Солена пештера во Лондон.
Што претставува Халотерапијата и како делува?Лековити дејства
Терапија која е прогласена за 100 % природна и без несакани ефекти. Има фантастично терапевтско дејство во лекувањето и прочистувањето на дишните патишта и ослободување од наталожен секрет. ТЕРАПИЈА КОЈА ДЕЛУВА КАКО БРОНХИЈАЛНА ЧЕТКА НА ДИШНИТЕ ПАТИШТА– ФИЛТЕР ЗА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ, која е предвидена ЗА ЛЕЧЕЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА. Терапија која се изведува во ПОТПОЛНО СТЕРИЛНА просторија со посебна микроклима. Микроклимата и сувиот солен аеросол делуваат: АНТИВОСПАЛИТЕЛНО, АНТИБАКТЕРИСКИ, АНТИАЛЕРГЕНО И ГО ЗГОЛЕМУВА ИМУНИТЕТОТ. 45 минутна терапија заменува 3 до 4 дена престој на море. Секојдневната изложеност на нечист воздух е доволна причина да ја посетите Солената соба Солина во Битола. Терапијата е лек за воспалени синуси, алергии, кашлица, крајници, ринитис, астма, бронхитис, воспаленија на уво, нос и грло, бронхитис, пневмонија, настинки и грип, вирусни и бактериски инфекции, кожни заболувања и анти стрес терапија.Контакт
Адреса
ул. Лавчански пат бб
(наспроти Медицина на трудот, пред бензиската пумпа)